Триесетина полицајци во Белгија се дијагностицирани позитивни на Ковид-19, од кои кај еден е потврдена бразилската мутација.
Полицаецот кај кого е потврдено дека е инфициран со бразилскиот вид на Ковид-19 се наоѓа во карантин, а се прават испитувања врз неговите колеги коишто се позитивни на вирусот.
Оваа мутација на вирусот се смета за позаразна од претходните.
Претходно, во земјата се потврдени уште три лица позитивни на ова јужноамериканска мутација на вирусот.
Симптомите не се исти кај сите, еден од нив е тешко болен и е хоспитализиран.
Пациентот „нулта“ не е пронајден и ниту еден од заразените со бразилската мутација не патувал во таа земја, информираат медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.