Во Австрија денеска се очекува нов рекорден број на новозаразени со корона вирусот, што може да биде нешто помалку од 9000.

Според виенскиот дневен весник „Естерајх“, кој се повикува на „корона мониторот“ на Универзитетот во Виена, во последните 24 часа се регистрирани 8.905 новозаразени лица.

Во текот на вчерашниот ден беа пријавени 6.120 нови случаи на зараза со корона вирусот.

Во моментов, хоспитализирани се 2.755 пациенти со Ковид-19, од кои 473 се на интензивна нега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.