Најголем број заразени лица има во провинцијата Тирол (245), а потоа следуваат Горна Австрија, Долна Австрија и Виена.

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, оцени дека Австрија моментно се соочува со најголемиот предизвик од Втората светска војна.

Курц, за австриската државна телевизија, ги бранеше рестриктивните мерки воведени од неговата влада за намалување на ширењето на вирусот.

Мерките не можат да бидат убави и да мислите дека делувањето е претерано. Ние се соочуваме со најголемиот предизвик за Австрија од Втората светска војна – подвлече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.