Шест дена по ред Австралија е погодена од топлински бран, при што се соборени досегашните рекорди на екстремно високи температури, поради кои се топи и асфалтот.
На 373 километри северно од Сиднеј објавено е дека е стопен бетонот на главниот автопат, поради што работници го прскаат подрачјето со вода за да ја оладат површината и да спречат леплив асфалт за автомобилските гуми, информирале од локалната новинска агенција „Аргус“.
Топлинските рекорди се соборени долж источна Австралија, откако денеска температурата надмина 40 степени целзиусови.
Рекордот не е соборен само преку ден, највисокиот рекорд во текот на австралиските ноќи е соборен вчера во Нуни, 800 километри западно од Сиднеј, каде најниската температура преку ноќта изнесувала 35,9 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.