Австралија го пријави првиот смртен случај од коронавирус годинава и рекордни нови 77 случаи оваа година во државата Нов Јужен Велс, која се бори со епидемија на делта мутацијата.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклијан, предупреди дека бројот на случаи во и околу најголемиот град во државата Сиднеј, каде што во сила е тринеделнo целосно затворање, се очекува да порасне во наредните денови.
Очекувам бројките во Нов Јужен Велс утре да бидат повисоки од 100. Ќе бидам изненаден ако се помалку, рече таа.
Вчера беа регистрирани 50 случаи, што досега беше рекорден број на новозаразени во 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.