Муфтијата на Исламската заедница, кое ги собира Бошњаците во Австралија, е уапсен од полицијата во Сиднеј под сомнение дека проневерил најмалку 100 илјади австралиски долари.
Австралиската полиција го потврдила апсењето на верскиот водач, а медиумите во БиХ објавиле дека станува збор за ефенди Јасмин Бекриќ. Тој е исто така член на Советот на муфтии на Исламската заедница во БиХ, врховното тело задолжено за верските прашања.
Полицијата на Нов Јужен Велс соопштила дека 55-годишниот уапсен, чиј идентитет не го потврдуваат, се соочува со обвиненија за седум точки за илегално стекнување финансиска корист преку измама и три точки за давање лажни информации на властите и поседување забрането оружје.
За време на претресот во домот на уапсениот, полициските истражители заплениле документи, 6.500 долари во готово и телескопска палка.
Наводно, Бекриќ собирал донации низ Австралија за добротворни активности во странство и проневерил 100.000 долари со тоа што ги прикрил со поднесување лажни финансиски извештаи. Тој бил ослободен со кауција по апсењето и треба да се појави пред судија на 21 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.