Во 20 провинции на Авганистан престанале со работа најмалку 153 медиуми откако талибанците ја презедоа контролата врз земјата на 15 август.

Главните причини за затворање на медиумите се тешката економска состојба и различните ограничувања што ги воведоа талибанците.

Ако организациите што ги поддржуваат медиумите ги затворат очите пред сегашната ситуација, тогаш ќе видиме дека и последните преостанати изданија и ТВ канали ќе бидат затворени – вели Хуџуталу Муџадиди, потпретседател на Здружението на независни новинари на Авганистан.

Претставникот на Националната унија на новинари, Масрор Лутфи, ги повика меѓународните организации да преземат итни мерки за решавање на овој проблем.

Во спротивно, на слободата на печатот како и на други граѓански слободи во Авганистан наскоро ќе им дојде крајот – вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.