Во Англија има строги правила за оние кои ќе одлучат да одат на одмор во странство.
Англичаните кои ќе патуваат на одмор во странство ќе мора да платат казна од 5.000 фунти Ова го предвидува новиот закон наменет за спречување на патувања кои не се неопходни со цел да се заштити нацијата од коронавирусот. Веста разочара милиони луѓе кои се надевале на одмор и предизвика намалување на вредноста на акциите на туристичките компании. Велика Британија засега не дозволува какво било патување во странство, освен за работа, образование или здравствени причини. Но, забраната ќе биде разгледана во април и патувањата може да бидат дозволени од 17 мај. Во светски рамки земјата е 5-та по бројот на потврдени случаи, односно имаат над 4.3 милиони ковид позитивни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.