Работната вечера на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, на која се очекува да се разговара и за датумот за приспапни преговори на ЕУ со Македонија и со Албанија, е закажана за денеска во 19 часот.

Според соопштението од кабинетот на Макрон оваа работна вечера е во пресрет на Европскиот совет на 17 и 18 октомври во Брисел, на која освен за координација ќе се разговара и за заедничката седница на владите на двете земји што треба да се одржи во Тулуз.

Се очекува тема да биде и барањето на Франција за пролонгирање на датумот за преговори за Македонија и Албанија за првата половина од 2020 година поради промена на методологија во пристапните процеси



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.