Владата на Шпанија прогласи 13 автономни области како зони на катастрофа поради шумските пожари кои зафатија делови од земјата.
Најмногу е погодена областа Авила, каде што изгореа 22.000 хектари шума.
Министерката за територијална политика, Изабел Родригез, по состанокот на Владата, најави дека сите 13 автономни региони ќе добијат помош.
Помошта ќе биде обезбедена како компензација за штетите врз инфраструктурата, домовите, имотот, индустријата и фармите и на физички и на правни лица – соопшти Родригез.
Прогласувањето зона на катастрофа предвидува и можност за обезбедување заеми со гаранција од државата, даночни олеснувања и финансиски надомест.
Иако секое лето има пожари во Шпанија, нивниот број е значително поголем оваа година. Вкупно 15 големи пожари со површина од над 500 хектари се регистрирани од почетокот на годината до 15 август, а според Министерството за еколошка транзиција изгорени се над 46.000 хектари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.