Џулијан Асанж, основачот на контроверзниот сајт „Викиликс“, бил преместен во болничкото крило на Белмарш – британскиот затвор, во кој тој отслужува 50-неделна казна за прекршување на условите, при неговото ослободување со кауција, соопштува „Спутник“.

Веста за лошата здравствена состојба на Австралиецот дојде само ден пред официјално сослушување за екстрадиција во САД, каде што ќе се соочи со обвиненија за заговор и протекување на доверливи информации.

Од „Викиликс“ објавија соопштение во кое наведуваат дека здравјето на Асанж нагло се влошило по неговото влегување во затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.