Властите во централна Кина рано утринава ја срушија браната на реката Чухе во провинцијата Анхуи со цел да го намалат водостојот за повеќе од 70 сантиметри.

Кинеската државна телевизија СиСиТВ објави дека браната е срушена со експлозив како би се ослободила огромна количина на вода од неа заради големите поплави ширум земјата кои однесоа многу жртви.

Водостојот во многу реки, вклучително и силниот Јангцејанг, оваа година е невообичаено висок заради обилните врнежи.

Рушењето брани и насипи поради испуштање на вода е екстремниот одговор кој Кинезите го применуваа во 1998 година за време на најголемите поплави во кои настрадаа повеќе од 2.000 луѓе и уништија речиси три милиони домови.

Сезонските поплави секоја година погодуваат делови од Кина, посебно нејзините централни и јужни региони, но ова лето се посебно сериозни. Повеќе од 150 луѓе загинаа или се водат за исчезнати во поплавата и лизгањето на земјиштето предизвикани од обилните врнежи.

Околу 1,8 милиони луѓе се евакуирани, а директните загуби кои се препишуваат на поплавите се проценуваат на повеќе од седум милијарди долари, според податоците на Министерството за вонредни ситуации. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.