Иранските власти денеска одлучија училиштата во Техеран да останат затворени поради опасно нискиот квалитет на воздухот.
Образовните установи ќе останат затворени до среда, кога завршува работната недела во Иран.
Медиумите објавуваат дека околните планини целосно се прекриени со густ слој на штетни гасови, кои го зафатија главниот град уште минатиот месец.
Според гувернерот на провинцијата Техеран, Анушиврана Бандпеја смогот главно е предизвикан од големиот број возила во сообраќајот и загадувањето од фабриките, а ситуацијата се влошила поради недостиг на дожд и ветер.
Воздухот во Техеран е меѓу најзагадените во светот. Градот е опкружен со високи брда и планини од три страни. Кога студениот, застоен воздух ќе се спушти во долината, тој не им дозволува на емисиите на штетни гасови да поминат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.