„Акцијата на незадоволните граѓани“ (АНО), предводена од премиерот на Чешката Република Андреј Бабиш, победи на изборите за Долниот дом на Парламентот, кои завршија денеска напладне.
Весникот „Млада фронта Днес“ објави дека по пребројувањето на првите четири отсто од гласовите, АНО води со 31 процент од гласовите. Според излезните анкети, Движењето убедливо води пред своите ривали. Разликата е значајна и според политиколозите, сериозно ќе влијае на конечниот резултат и ќе го потврди успехот на Бабиш, кој се обидува да ја задржи премиерската функција.
Во Долниот дом на парламентот ќе влезе и партиската коалиција „Заедно“, која ја вклучува десничарската Граѓанско-демократска партија, Демохристијанските демократи и партијата „Традиција, одговорност, просперитет 09“ со освоени 23,9 отсто од гласовите. Лево-либералната Пиратска партија, која влезе во коалиција со „Градоначалници и независни“, доби 12,4 отсто од гласовите. Партиите Слобода и директна демократија (10,5%), Чешката социјалдемократска партија (5,3%) и граѓанското движење Заклетва, исто така, успеаја да го надминат прагот од 5 отсто за влез во Парламентот.
Според податоците, излезноста во земјата била 62 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.