Унгарската Влада најави програма вредна 10 милијарди форинти (27.8 милиони евра) за поддршка на извозно ориентираните унгарски компании. Министерот за надворешни работи Петер Сијарто, чие портфолио вклучува и надворешна трговија, најави дека со програмата ќе се покријат до половина од инвестициите на унгарски компании кои ќе доведат до зголемен извоз. Од компаниите ќе се очекува да ја зголемат продажбата и во Унгарија, најмалку во износ на добиената помош.

Сијарто укажа дека Унгарија привлекува рекордни износи на странски инвестиции, но дека во исто време, и големите унгарски компании мора да излезат на странските пазари за да продолжат да растат.

Ширењето на странските пазари овозможува овие компании да ги донесат нивните профити назад во Унгарија, што ја поттикнува унгарската економија, изјави Сијарто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.