Владата на Нов Зеланд ја разгледува можноста за тоа да воведе дополнителен одмор, со цел да го зајакне домашниот туризам.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека тоа е една од идејите што потенцијално може да и помогне на економијата во земјата.

Туризмот е главниот сектор на економијата на Нов Зеланд, а странските туристи во моментов не доаѓаат во земјата поради пандемијата на новиот коронавирс, па секторот е во тешка позиција.

Мојата порака до граѓаните е да дојдат и да го истражат сопствениот двор, да се запознаат со културата и гостопримството на Маорите – изјави Ардерн.

Нов Зеланд ги олабави рестриктивните мерки во последните неколку седмици. Владата на Нов Зеланд, што воведе еден од најстрогите карантини во светот, соопшти дека вирусот е елиминиран во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.