Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ значително ќе ги намали неделните летови до и од Унгарија од 7 септември.
Како што соопштија од авиокомпанијата, таквата одлука е донесена откако унгарската влада објави дека ќе забрани влез на странци со цел да се обиде да се спречи ширењето на заразата со корона вирусот.
Унгарија во петокот објави дека ќе ги затвори своите граници за странците од 1 септември за да го спречи порастот на инфекциите, а Унгарците кои се враќаат од странство ќе треба да одат во карантин.
Во соопштението на „Визер“ се вели дека ќе извршува 32 лета неделно меѓу 7 и 30 септември, што е помалку од 126 летови во периодот од 1-6 септември.
Од 7 септември до 30 септември може да се очекува поголемо намалување на летовите, а само најпопуларните правци ќе останат достапни за патниците“, велат од авиокомпанијата.
Во последните 24 часа Унгарија регистрира 292 нови инфекции, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата. Унгарија има вкупно 5.961 случаи на корона вирус и 614 починати.
Нискобуџетната авиокомпанија, која во последните години се прошири од источна во западна Европа, беше една од авиокомпаниите која што најбрзо закрепна од кризата со Ковид-19.
„Визер“ минатата недела предупреди дека закрепнувањето може да запре бидејќи предупредувањата и ограничувањата поради Ковид-19 го попречуваат патувањето низ Европа, но соопшти дека карантинските правила на Велика Британија не ја натерале да ги преиспита долгорочните планови за проширување таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.