Шеријатски закон е исламски правен систем кој дејствува и како основен верски морален кодекс на исламот и како правила што важат за сите области од животот, вклучувајќи ги и верските обврски, секојдневните рутини и личните верувања.
Се основа главно на учењата на Куранот и Суната (учењата и практиките на Мухамед), но и на иџма (консензусот на муслиманските научници околу некои ставки во шеријатскиот закон) и кијас (решение направено по аналогија од страна на исламските правници).
Во него се категоризирани сите можни човекови постапки кои се делат на задолжителни, препорачани, дозволени или недозволени.
Начинот на кој шеријатскиот закон се применува во општеството варира меѓу муслиманските држави.
Забрани и казни
Злосторствата се поделени во три категории: полесни (тазир), за кои казната зависи од одлуката на судот, оние за кои злосторниците се казнуваат со истото што претрпела и нивната жртва, и најтешките престапи (худуд) кои се сметаат злосторства против Бога.
Прељуба, лажно обвинување за нелегален секс, пиење вино или алкохол, кражба и грабеж генерално спаѓаат под најтешки прекршоци, што значи дека сторителите можат да бидат камшикувани, каменувани, протерани или погубени. Казната предвидена за такви кривични дела вклучува ампутација на дел од телото.
Талибанците следат екстремна верзија на шеријатот во која се практикуваат јавни егзекуции и ампутации на делови од телото, забрана за музика, телевизија и тепање на мажи кои не се молеле пет пати на ден или ја избричиле брадата.

Делата против друго лице, од убиство до напад, се казнуваат со одмазда, при што сторителот се третира на ист начин како жртвата. Овој вид на кривично дело се смета за граѓански престап, а не за кривично дело во техничка смисла, бидејќи државата нема право да покренува кривична постапка, туку само жртвата или семејството на жртвата.
За неколку конкретни кривични дела, казната е фиксна: смрт за напуштање на исламот, ампутација на раката за кражба, на рака и нога за разбојништво, каменување за вонбрачен секс кога сторителот е во брак, 100 удари со камшик кога сторителот не е во брак и 80 удари со камшик за недокажани обвиненија за непристојност и за пиење алкохол.
Шеријатскиот закон и женските права
Талибанците рекоа дека сакаат „вистински исламски систем“ во Авганистан, кој точно ќе ги одреди правата на жените и на малцинствата, во согласност со културните традиции и верските правила. На првата прес-конференција од освојувањето на земјата вчера беше соопштено дека жените ќе имаат право на работа и образование, но дека сè тоа ќе биде во склоп на шеријатот.
За време на последното владеење на Талибанците бурката беше задолжителна за сите жени од осумгодишна возраст, а забрането им беше и сами да излегуваат од дома, туку мораа да бидат во присуство на машка роднина ако сакаа да го напуштат својот дом. Не им беше дозволено да користат здравствени услуги од машки доктор или здравствени работници, додека на девојчињата не им беше дозволено да посетуваат училиште.
Чевлите со високи потпетици беа забранети зошто можеле да ги возбудат мажите, а ниските и прозорците од првиот кат на домот мораа да бидат покриени за да не се гледа низ нив, женитене смееја да излегуваат на балконите.
Забрането беше фотографирање, снимање или прикажување фотографии од жени во весници, книги, продавници или во домот. Сменети беа сите имиња на места кои го содржеа поимот „жена“, а на жените им е забрането да се појавуваат на радио, ТВ или на јавни собири.
За носење лак за нокти казната беше отсекување на врвот од прстот.
Патријархот е основа на традиционалниот исламски закон за семејни односи. Татковците имаат право да ги мажат своите ќерки, без разлика дали се малолетни или возрасни, но правниците се согласуваат дека возрасна жена која не е девица мора да даде своја согласност за бракот. Прашањето дали ќерката девица има право на приговор на бракот договорен од нејзиниот татко, е предмет на дебата меѓу исламските правници. Некои веруваат дека и нејзиниот приговор треба да се земе предвид, но дека не е обврзувачки, додека други веруваат дека таквиот приговор го исклучува бракот.
Семејно право
Во традиционалното исламско семејно право, сопрузите имаат право на полигамија и можат да бидат легално во брак со најмногу четири жени. За време на бракот, мажот е должен да се грижи за жената и да ја поддржува, под услов таа да е послушна. Жената која ја отфрла доминацијата на нејзиниот сопруг и која го напушта семејниот дом без оправдана причина, го губи правото на одржување.
Разводот може да се постигне со заеднички договор на сопружниците. Меѓутоа, само сопругот има моќ еднострано да го раскине бракот во вонпарнична постапка, односно сопругот може произволно да се откаже од својата сопруга и за тоа да не одговара пред судот или пред кое било друго службено тело.
Како се донесуваат судските одлуки?
Како и секој правен систем, шеријатот е комплексен и неговата практика целосно се потпира на квалитетот и обуката на професионалци, наведува „Би -Би -Си“.
Исламските правници издаваат упатства и пресуди. Упатствата што се сметаат за формални законски решенија се нарекуваат фатви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.