Висок функционер на Европската агенција за лекови (ЕМА), Марко Кавалери, изјавиl дека e јасно дека постои директна врска меѓу вакцината на „Астра-Зенека“ и редок облик на крвни згрутчувања, но причината за тоа се уште не е целосно јасна, објави агенцијата „АФП“.

По мое мислење, можеме да кажеме дека постои врска меѓу крвните згрутчувања и вакцините. Сепак, не знаеме што точно ја предизвикува оваа реакција – вели Кавалери.

Тој исто така најавил и официјална изјава за јавноста.

Од ЕМА минатата недела соопштија дека наскоро ќе биде издадена дополнета верзија на препораките за употреба на вакцината на „Астра-Зенека“ на состанокот на одборот за безбедност на вакцини кој почнува денеска и трае се до петок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.