Една од балтичките престолнини најави план сите јавни градски простори да ги претвори во огромно кафуле на отворено, а градските власти нема да им наплатуваат никаков надоместок за користење на рестораните и кафетериите, кои се најмногу погодени од кризата поради коронавирусот, пишува „Гардијан“, а пренесува хрватски Јутарњи лист“.

Се работи за литванскиот главен град Вилнус, во кој уште важат мерките на социјано дистанцирање. Во Литванија од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 1.350 заболени од Ковид-19, со 44 починати.

Од следната недела повторно ќе бидат отворени рестораните и кафуињата што имаат тераси, потоа фризерските салони и сите дуќани. Масите во угостителските објекти ќе мора да бидат оддалечени една од друга најмалку два метра, што е проблем за многу угостители во Вилнус. Спасоносното решение за нив дојде од градоначалникот.

На улиците и плоштадите блиските угостителски објекти бесплатно ќе може да поставуваат маси и на пропишаното рестојание меѓу масите ќе може да продолжат со работа, вели градоначалникот Шимашиус.

Во Вилнус има 18 јавни градски протори и сите, вклучувајќи го и главниот градски плоштад, ќе им бидат на располагање на рестораните и кафетериите. Угостителите се презадоволни од тоа. Повеќе од 160 од нив се пријавиле за користење на тој простор на отворено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.