Претседателот на институтот „Роберт Кох“ (РКИ), Лотар Вилер, оцени дека мерките што ги презема германската Влада за спречување на ширењето на коронавирусот даваат резултати.
Во секој случај, имаме позитивен тренд и тоа, се разбира, има врска со мерките – рече Вилер во интервју за Дојчландсфанк.
Тој истакна дека е добро што мерките што ги воведоа политичарите делуваат, но укажа дека не може да се каже дека ситуацијата е решена.
Во моментов, стапката на репродукција на вирусот во Германија е 1,3, а треба да биде под 1.
Според него, за олеснување на мерките не е важна само таа бројка, туку и уделот на имунизирани лица во населението, како и капацитетите на здравствениот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.