Како земја која нема ниту еден смртен случај, а бројот на заразени од коронавирус се движи околу стонина, Виетнам доби пофалба од Светската здравствена организација и може да служи како пример за држава која успеала да ја скроти пандемијата.

Иако граничи со Кина, Виетнам со брзи и одлучни мерки како раширено тестирање и строг карантин, засега избегна ситуација каква има и во Европа.

Бројот на заразени во Виетнам според извештајот на универзитетот Џонс Хопкинс е 262 во земја во која има повеќе од 95 милиони жители.

Службената статистика покажува дека во Виетнам во карантин или изолација во моментов има 75.000 лица, а државата досега направила повече од 121.000 жители.

Во таа комунистичка земја засега нема починати, а стапката на заразата е пониска од развиената Јужна Кореја, Сингапур или дури и Тајван.

Кидонг Прк, претставникот на СЗО во Виетнам, верува дека за неговиот успех било брзото и рано делување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.