Француската полиција отвори истрага за инцидентот во кој жена сред бел ден беше нападната во Стразбур од страна на тројца мажи, затоа што носела здолниште.

Во интервју за радиото „Бл Алсак“, 22-годишната Елизабет кажала дека се враќала дома, кога еден од мажите извикал „Видете ја курвата во сукња!“. Потоа, двајца од мажите ја фатиле и ја држеле, а третиот ја удирал по лицето. По инцидентот побегнале, а Елизабет, која заработи повреди по главата, вели дека иако имало многу луѓе и сведоци на улицата, никој не ѝ помогнал.

Министерката за внатрешни работи Марлен Шијап по инцидентот замина за Стразбур и на истото радио повика секој кој има било какви информации за случајот да се јави во полиција, бидејќи не смее да се дозволи вакво однесување да помине неказнето.

Жената не се удира зошто носела здолниште, туку жената е удрена зошто постојат мизогини насилни секстисти, кои не обрнуваат внимание ни на закон, ни на никакви правила на цивилизација, рече министерката.

Француската влада прати соопштение дека ова е сериозен инцидент и ваквото неприфатливо однесување ќе биде казнето. Досега во Франција, по донесувањето за Законот за малтретирање на улица во 2018, изречени се 1.800 казни.

Во четвртокот, пак, уште две жени беа нападнати во на истокот во Франицја зошто здолништето им било прекратко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.