Од последиците на силниот ветар кој ја погоди централна Италија во саботата смртно настрадаа три лица.

Во покраината Лацио загинале две лица, а неколкумина се повредени кога врз нив се урнал ѕид, извести противпожарната служба.

Во Рим и околината стеблата паѓале под налетите на ветрот уништувајќи повеќе автомобили, а во еден таков инцидент животот го загубил 45-годишен маж, пренесува агенцијата Ansa.

Силниот ветер предизвикал проблеми во главниот град на Италија, принудувајќи ги градските власти за посетителите да го затворат археолошкиот парк на римскиот Колосеум.

Незапаметено силен ветер дувал и во другите делови на Италија. Во јужниот регион Абруѕо паднал снег, што е реткост за оваа област.

Поради високите бранови во пристанишниот град Бари, во покраината Апулија, се насукал товарен брод. Поради временските непогоди, неговото отсукување е одложено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.