Висенте Верез, директорот на Институтот Финлај, кој е надлежен за произведувањето на вакцините, вели дека вакцијата засега покажала поттикнување на силен имунолошки одговор.
Вакцината исто така поттикнува долгорочна меморија на имуниот одговор, кој овозможува создадените антитела подолго да траат.
Агенцијата изјавила дека Куба моментално работи на тоа а произведе 100 милиони дози од гореспоменатата вакцина со цел да ги задоволи потребите на земјата и и на останатите заинтересирани држави, како Венецуела, Виетнам и Иран.
Верез истакнува дека сите странци кои ќе пристигнат во земјата и кои сакат да бидат вакцинирани со некоја од кубанските вакцини, се добредојдени.
Инситутот Финлај исто така ја развива и ковид-вакцината Суверен 01, која се наоѓа во втората фаза од клиничките испитувања, сѐ уште без датум за почеток на третата фаза.
Дополнително, Кубанскиот центар за генетски инженеринг и биотехнологија развива уште две други вакцини: Абдала и Мамбиса.
Извор: https://elfinanciero.com.mx/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.