Бројот на патници заразени од коронавирус кои се наоѓаат на крузерот „Дајмонд Принцес“, кој со околу 3.700 патници е закотвен во јапонското пристаниште Јокохома, се зголеми на 61. Стотици патници се затворени во своите кабини, а тестирањето продолжува.
Последните тестови направени кај 273 лица кои покажувале симптоми или биле во близок контакт со лица кои имале симптоми на вирусот покажуваат дека 61 лице е заразено, соопшти јапонското Министерство за здравство.
Доколку се појават симптоми и кај други лица, ќе се направат нови тестови. Пациентите ќе бидат префрлени во болниците во Токио и во соседните градови.
Меѓу патниците се наоѓаат и тројца македонски државјани, а 14 српски. Дел од нив за српски „Телеграф“ велат дека ситуацијата е многу чудна.
Патничката Вера К. за порталот откри дека утрово по 48 часа ѝ било дозволено на час и половина да излезе од својата кабина.
Ги видов своите синови, после три дена. Не можам да би го опишам тоа чувство кога излегов. Кога ги видов синовите бев пресреќна. Тие имаат 18 и 21 година, но за мене заскогаш ќе бидат бебиња. Не смеев да им пријдам, ама барем ги видов, ми беа пред очи, вели таа за „Телеграф“.
Екипажот постојано ја надгледувал оваа „екскурзија“ на патниците, на кои не им било дозволено никаков физички контакт со останатите патници. Вера додава дека тоа ги направило уште попараноични.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.