Владата на Венецуела почнa со вакцинирање против корона вирус на деца на возраст над две години.
Претседателот Николас Мадуро, соопшти дека вкупно 70 отсто од граѓаните на земјата се веќе вакцинирани.
Морам да ве информирам дека вакцинирањето на децата постари од две години почна од понеделник, 8 ноември – изјави шефот на државата за телевизискиот канал Венезолана де Телевизион (Venezolana de Televisión).
Мадуро истакна дека до 30 ноември се очекува да се вакцинираат 80 отсто од населението, а до 31 декември таа бројка да порасне и до 90 отсто.
Владата користи вакцини произведени во Русија, Кина и Куба.
Според Министерствота за здравство на венецуела, од почетокот на пандемијата, повеќе од 412.000 луѓе се заразиле со корона вирусот, а 4.955 починале како резултат на инфекцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.