Владата на Велика Британија донесе одлука од 15 февруари да има задолжителен карантин во хотел во траење од 10 дена, а одлуката се однесува на патници коишто пристигнуваат од повеќе од 30 држави.

Министерството за здравство соопшти дека вакво нешто е неопходно за да се спречи ширењето на новите мутации на корона вирусот.

Меѓу државите за кои се воведува карантионот се Португалија, сите земји во Јужна Америка, како и Јужна Африка и Обединетите Арапски Емирати. Новата мерка е насочена главно за британски граѓани кои се враќаат во Велика Британија.

Не-британските жители од овие земји не смеат да влезат во Велика Британија.

Опозициската Лабуристичка партија истакна дека не разбира зошто Владата чекала толку долго да ја спроведе мерката.

Министерството за здравство соопшти дека работи напорно за да се обезбедат потребните места за карантин.

Хотелската индустрија се согласила да соработува, а секторот за авијација остро го критикува планот. Според „Би-Би-Си“, ќе се бараат хотели за карантин во близина на аеродромите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.