Велика Британија трет ден по ред бележи рекорден број на нови случаи на Ковид-19.
Во последните 24 часа се регистрирани 93.045 нови инфекции, како и 111 смртни случаи. Здравствените власти соопштија дека во моментов има 7.611 пациенти кои имаат потреба од болничко лекување, од кои 875 се на респиратор.
Ден претходно, Велика Британија пријави 88.376 нови случаи, а претходниот 78.610, што исто така беа рекорди за време на пандемијата и по претходно пријавениот максимум во јануари.
Вкупно досега се регистрирани повеќе од 10.000 случаи на сојот омикрон, а Британија е прва во светот која регистрирала смрт од последиците на инфекцијата со новиот сој на Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.