Русија спроведува систематска и злонамерна „глобална кампања“ на сајбер војна, насочена кон критична национална инфраструктура. Ова ќе го објави британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант во воведниот говор подоцна денес, објавијаа британските медиуми.
Националниот центар за сајбер безбедност на Велика Британија работи со 16 други земји од НАТО во последните 18 месеци, за да претстави како Русија бара пропусти во киберсистемите и се обидува да ги компромитира владините компјутерски мрежи, ќе истакне британскиот шеф на дипломатијата.
Говорејќи на конференција во Лондон за сајбер одбраната на НАТО, Хант ќе каже: „Нашата проценка е дека специјалните служби на Русија целат во критичната национална инфраструктура на многу земји, за да бараат пропусти. Оваа глобална кампања исто така се обидува да ги компромитира мрежите на централната влада. Можам да откријам дека во последните 18 месеци, Националниот центар за сајбер безбедност споделил информации и проценки со 16 сојузници од НАТО – и уште повеќе земји надвор од Алијансата – за руската сајбер активност во нивните земји“.
Средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и амбасадорите на Алијансата ќе биде можност за планирање на заедничка стратегија, вклучувајќи дипломатски и политички алатки за справување со наводната електронска офанзива на Русија.
Предизвикот денес е да ги примениме вечните вистини во основата на успехот на НАТО во најновата оперативна област на Алијансата. А тоа значи одвраќање – зајакнување на заедничката способност да ги заплаши оние, кои би наштетиле на нашите граѓани во сајбер просторот“, истакнува Хант .
Наведувајќи ги руските обиди за мешање во изборите, меѓу другите места, во Украина и САД, британскиот министер за надворешни работи ќе каже: „Неодамнешните настани покажуваат дека нашите противници ги сметаат демократските избори како клучна ранливост на отвореното општество. Треба да бидеме кристално јасни дека сите кибер операции наменети да манипулираат со изборниот систем на друга земја и да го променат резултатот, би го прекршиле меѓународното право – и оправдуваат пропорционален одговор“, забележува уште Џереми Хант.
На средбата на лидерите на земјите членки на НАТО во Варшава во 2016 година беше постигната согласност за зајакнување на кибер одбраната како приоритет и беше договорено дека треба да има годишна конференција за кибер одбрана за да се олесни споделувањето на искуство и најдобрата пракса.
Конференцијата во Лондон е втората таква конференција, а првата беше спроведена во Франција во 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.