Британската разузнавачка служба „МИ6“ почна да регрутира британски државјани родени надвор од нејзината територија.
Како што пренесува „Тајмс“, повикувајќи се на извор од Владата, безбедносната служба се обидува на тој начин да обезбеди разновидност. Според сегашните правила за вработување, разузнавачки службеници можат да бидат само граѓани родени во Велика Британија.
„Тајмс“ пипува дека новата кадровска политика има за цел да ја зголеми ефикасноста во работата на „МИ6“ и да привлече вработени „со различни видови размислување“, а не само луѓе кои размислуваат слично.
Изворот од „МИ6“ наведува дека со соработници со различни биографии, службата може да стане поефикасна во областа на разузнавањето.

Весникот пишува и дека, во зависност од позицијата за која аплицира, потенцијалниот разузнавач можеби ќе мора да се откаже од второто државјанство.
Овој чекор е продолжение на политиката на поранешниот шеф на службата, Алекс Јангар, за проширување на персоналот. Во 2018 година тој го укина правилото дека само Британци чии двајца родители се поданици на Кралицата може да станат разузнавачи. Ова барање им ја одзеде можноста на децата на британските мигранти да работат во специјалните служби.
Покрај тоа, спуштена е и старосната граница од 21 до 18 години со цел „МИ6“ да се постави во првите редови на глобалниот технолошки натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.