Нивото на алармирање на корона вирусот е намалено од ниво четири на ниво три во Велика Британија во петокот, се вели во соопштение на Главните медицински службеници во земјата.
Ниво три значи дека вирусот сега е „во општа циркулација“, за разлика од нивото четири што го карактеризира преносот како „висок или расте експоненцијално“. Медицинските експерти од Заедничкиот центар за биосигурност продолжија да предупредуваат дека тоа не значи дека пандемијата е завршена.
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок го нарече „голем момент“ за Велика Британија, бидејќи покажува дека „планот на владата работи“.
Од четврток, бројот на луѓе кои се тестирани позитивно за Ковид-19 во Велика Британија бил 300.469 лица со 42.228 смртни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.