Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа во нормала.

Ова го соопшти кинеската Национална здравствена комисија, пренесува „Ројтерс“.

Во Вухан, од каде што започна ширењето на новиот коронавирус, не се пријавуваат нови случаи веќе шести ден по ред, продавниците почнаа повторно да се отвораат и граѓаните почнаа да се враќаат во секојдневниот живот по два месеци карантин.

Во тој град повторно е отворен трговскиот центар „Вухан интернешнал Плаза“, во кој се наоѓаат продавници на луксузни брендови како „Картие“ и „Луј Витон“, а на влезот се почитуваат мерките на растојание од 1,5 метар и проверка на температурата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.