Во заедничка акција на Курдите и американски сили во северна Сирија вечерва е убиен и портпаролот на џихадистичката група Исламска држава и еден од најблиските соработници на ал-Багдади, Абу ал-Хасан ал-Мухаџир.

Главниот командант на СДФ, Мазлум Абди, рече дека нападот е „продолжение на претходната операција“ во која загина Абу Бакр ал-Багдади, водач на ИД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.