Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламент едногласно ја осудија одлуката за одложување на преговорите со Македонија и Албанија.

На Балканот владее нестабилност, а ние можевме да внесеме доза стабилност, бидејќи тоа е наша одговорност – предупреди лидерот на групата на Европската народна партија во ЕП, Мафред Вебер.

Тој за време на дебатата во Европскиот парламент оцени дека Албанија и Македонија не ја добија перспективата што ја заслужуваат.

Баравме многу од овие земји, а сега вратата им е затворена пред носот. Го губиме кредибилитетот и тоа сериозно – порача Вебер.

Тој укажа на фактот дека сите лидери кои доаѓаат од конзервативните европски народни партии, на самитот во Брисел дадоа поддршка за проширувањето, а францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте, кои припаѓаат на либералната опција, биле „сами против сите“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.