Поранешниот кандидат за претседател на Европска комисија и лидер на Европска народна партија (ЕПП), Манфред Вебер ги обвини францускиот претседател Емануел Макрон и унгарскиот премиер Виктор Орбан дека извршиле „напад врз демократска Европа“.

Вебер наведе дека поранешната изјавата на Макрон, дека тој нема искуство да биде претседател на ЕК била дрска и претставува напад врз демократска Европа.

Макрон заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан формираше оска во Советот. Заедно нанесоа голема штета на европската демократија – посочи Вебер додавајќи оти за неговиот неуспех е виновен и Парламентот, пред се блокот социјалисти.

Вебер наведе дека за развојот на ситуацијата не е виновна избраната претседателка наЕК, Урсула фон дер Лајен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.