Вселенскиот патријарх Вартеломеј денеска во Истанбул го потпиша актот за новата православна црква на Украина. Во пресрет на потпишувањето на актот на црквата се одржа молитва на која присуствуваше и претседателот на Украина, Петро Порошенко украинскиот министер за надворешни работи Павел Климкин и поглаварот на Православната Црква на Украина, Митрополитот Епифаниј.
Вартоломеј во својата резиденцијата ги прими претседателот на Украина и Митрополитот и рече дека украинскиот народ чека седум векови за овој ден.
Портпаролот на рускиот патријарх, Александар Волков, рече дека Патријархот Вартоломеј, со тоа што го потпиша актот за „расколниците од Украина“, се изолирал надвор од светот на Православието.
Светиот Архиерејски Синод како одговор на Руската православна црква ги прекина сите нејзини односи со Цариградската патријаршија во октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.