Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, објави дека е во самоизолација откако дознал дека член на неговиот тим е позитивен на коона вирус.

Денеска бев известен дека член на мојот тим е позитивен на корона вирус. Додека ги чекаме новите резултати, мојот тим и јас сме во самоизолација во согласност со препораките за јавно здравје. Добро се чувствувам, немам никакви симптоми, а на тестовите минатата недела бев негативен, порача Вархеји на Твитер.

Вархеји минатата недела беше во официјална посета на Скопје, Тирана, Приштина, Белград, Сараево и Подгорица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.