Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји доби и втор негативен тест на коронавирус, по што излезе од карантин, во кој се наоѓа по посетата на Западен Балкан.
Не сум веќе во самоизолација и ги продолжувам своите активности почитувајќи ги здравствените мерки. Останете безбедни, напиша Вархеји на својот твитер-налог.
Тој беше во самоизолација по добиената информација дека еден член на неговиот тим, со кој патувал во посета на Западен Балкан, бил позитивен на тестот на Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.