Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур посочи дека Европската Унија мора да го забрза пристапот на земјите од Западен Балкан и неопходно е истиот да биде подинамичен, со цел да го зачува својот кредибилитет.

Комесарот посочи дека мора да се отворат пристапните преговори со Македонија и Албанија, поради тоа што и двете земји ги исполниле поставените барања.

За време на долгите подготовки и преговарачкиот процес ќе ни биде неопходна многу посилна политичка контрола, со максимално учество на државите членки. Во спротивно, ризикуваме јакнење на силите кои би можеле да нанесат штета на преговарачкиот процес – предупредува Вархеји.

Унгарскиот комесар за проширување на ЕУ смета дека проширувањето на Западен Балкан може да биде успешно само ако ЕУ ги исполни ветувањата за побрз и подиманичен процес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.