Унгарската министерка за правда Џудит Варга ги отфрли заклучоците од извештајот за владеење на правото изработен од Европската Комисија, во кој Унгарија повторно се соочи со критики. Според Варга, се работи за прекршување на унгарскиот суверенитет, како и на основачките договори на Европската Унија.
Извештајот е произволен, а методологијата на Европската комисија е спорна. Легитимноста на невладините организации на кои извештајот се потпира за наводно „автентични информации“ се исто така под знак на прашалник, рече Варга.
Најновиот спор кој ЕУ и го наметнува на Унгарија е поврзан со забраната за ширење ЛГБТ пропаганда во училиштата и пред малолетни лица. Варга потсети дека претходно ЕУ ја напаѓаше Унгарија поради нејзините програми за борба со епидемијата на коронавирусот, кои беа слични на програмите во другите европски земји. Како свој одговор, Унгарија најави дискусија за иднината на Европската Унија, која треба да биде заснована на реалните интереси и барања на граѓаните.
Во подготовка на дебатите, Унгарија ќе се спротистави на проширувањето на моќта на одредени европски институции и на плановите за изградба на супрадржава. Одлуките мора да ги носат граѓаните, а не невладините организации, Варга рече.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.