Главниот британски научен советник Патрик Воленс изјави дека вакцините против Ковид-19 се успешни во создавање имунолошки одговор и за новата, пренослива варијанта на корона вирусот што се шири во Велика Британија.

Воланс додаде дека, сепак, се потребни повеќе мерки за јавно здравје за да се држи под контрола новата варијанта на вирусот.

Неговата изјава доаѓа кратко време откако премиерот Борис Џонсон најави поостри рестриктивни мерки за Лондон и југо-истокот на Англија.

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, пред неколку дена потврди дека нова мутација, потврдена во областа на Англија, се шири побрзо од претходната варијанта на корона вирусот.

Досега илјада луѓе биле заразени со мутираниот корона вирус, но Според Хенкок,  тоа не значи дека оваа нова варијанта е поопасна.

Според него, засега може да се претпостави само дека сегашното зголемување на бројот на нови инфекции навистина има врска со новата варијанта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.