Штитеници во домот за стари лица Санкт Мариен во германскиот град Белм се заразиле со британската мутација на корона вирусот, иако претходно ја добиле и втората доза на вакцината на „Фајзер/Бионтек“.
Домот за стари лица ја поминал целата криза во корона вирусот без заразени, сè до почетокот на февруари, кога била утврдена британската мутација, дури и меѓу ревакцинирани штитеници.
Сите во тој дом биле ревакцинирани, но откако секојдневниот брз тест кај една негувателка бил позитивен, било утврдено дека и 14 штитеници се заразени со британската мутација.
Сите штитеници ја примиле втората доза од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ на 25 јануари и не е јасно кога се заразиле.
Штитениците немаат тежок облик на болеста и претежно се асимптоматски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.