Полицијата во Рио де Жанеиро денеска почна истрага поради извештајот дека на голем број луѓе од ризични групи вакцината им била дадена „во празно“.
Откако на социјалните мрежи се појавија видеа од здравствени работници кои вакцинираат стари лица со целосно празен шприц, полицијата апелираше до локалните власти и здравствените власти да помогнат во напорите да се разбере што навистина се случило со вакцините наменети за стари лица, јавија локалните медиуми.
Во државата Рио има најмалку три случаи на, како што локалните медиуми ги нарекуваат „инекции со воздух“, во кои здравствените работници вакцинирале од празни шприцеви.
Вмешаните во измамата биле отпуштени, а постарите луѓе кои примиле лажни вакцини подоцна биле вакцинирани, соопштија здравствените власти.
Доколку полицијата утврди дека вакцините се пренасочени на друга страна, оние кои се вмешани во тој скандал може да бидат гонети за проневера, за што се предвидени до 12 години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.