Околу девет месеци по почетокот на употребата на вакцината против корона вирусот на „АстраЗенека“, таа конечно стигна и до Антарктикот. Вакцините се наменети за 23 члена на британската истражувачка станица „Ротера“.
Ова е најјужната точка на светот до која стигнаа вакцините против корона вирусот.
Освен изолирани случаи во чилеанската база на Антарктикот, досега немаше други заразени со корона вирус на континентот. Но, како што се приближува новата летна сезона на истражување, тука ќе мора да се воведат строги здравствени протоколи.
Така на пример, екипажот на новиот поларен брод на Обединетото Кралство, „Сер Дејвид Атенборо“, наскоро ќе биде ставен во карантин пред да тргнат на југ следниот месец со опрема и залихи.
Истражувачката станица „Ротера“ всушност е блокирана од март, кога само основната група вработени остана на „Белиот Континент“ поради долготрајната темнина и ужасното време со што се одликуваат поларните зими. Со примените вакцини, тие ќе имаат одреден имунитет кога нови посетители ќе почнат да пристигнуваат при претстојната летна истражувачка сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.