Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) ќе воспостави соработка со швајцарската компанија „Адиен Фарма и Биотек“ за производство на вакцината „Спутник V“ во Италија, изјави денеска извршниот директор на РДИФ, Кирил Дмитриев.
Деновиве имаме разговори со италијанската Влада. Постојат многу италијански региони што изразија ентузијазам за „Спутник V“ и сакаат да ја произведат вакцината, изјави Димтриев за „Раи 3“, пренесен од Тасс.
Производството на вакцината ќе помогне да се отворат нови бизниси и Италија да дојде до можност да го контролира производот.
Производството на „Спутник V“ најрано може да почне во јуни, а РДИФ ќе соопшти во кои уште десет земји, освен Русија, ќе се произведува „Спутник V“. Меѓу земјите со кои рускиот фонд разговара за соработка се и Германија и Франција, додава Тасс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.