Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 давала силен имунолошки одговор против болеста за време на истражувањето кај деца на возраст од 12 до 15 години.
Пренесувајќи го ставот на компанијата, британските медиуми наведуваат дека две дози од вакцината на „Фајзер“ се 100 отсто ефикасни против Ковид-19, врз основа на мерењата направени четири месеци по примањето на втората доза.
„Фајзер“ планира, по анализата на долгорочните податоци, да аплицира за целосно одобрување на вакцината за оваа возрасна група во САД и ширум светот.
„Фајзер“ и „БиоНТек“ ќе бараат одобрение за доза од 30 микрограми, за деца од 12 години и постари.
Досега, вакцината беше одобрена од американската Агенција за храна и лекови (ФДА), но само за итна употреба на возраст од 12 до 15 години, додека целосна дозвола беше дадена за лица на возраст од 16 и повеќе години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.