Jапонија изрази загриженост откако ЕУ ја заостри контролата на извозот на вакцините против Ковид-19, кои се произведуваат во рамки на Унијата. Јапонскиот министер за административни реформи, Таро Коно, истакна дека таквиот потег би можел да влијае врз планот за вакцинација во неговата земја.
Коно на прес-конференција изјави дека испораката на вакцини во Јапонија не може да биде потврдена поради европската контрола на извозот.
Според него, испораката на вакцини, произведени во земјите од ЕУ, е значително помала од првичниот план, а Владата во Јапонија сака да побара брза испорака на вакцините кои се веќе договорени.
Земјата ја порача вакцината која ја произведоа компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, чиј извоз од петокот е строго контролиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.