Турција соопшти дека во соработка со Министерството за Kултура и Tуризам, Министерството за Здравство и Агенцијата за Промоција и Развој на Туризмот (ТГА) е почната програмата за регистрирање за вакцинација на вработените во туристичкиот сектор.

Програмата како дел од „Програмата За Сертификација На Безбеден Туризам“ има за цел во претстојната туристичка сезона на интернационалните посетители и на вработените во туристичкиот сектор да им обезбеди максимална заштита на здравјето и безбедноста како врвни приоритети.

Од лансирањето на „Програмата За Сертификација На Безбеден Туризам“ во јуни 2020 година, Турција ги следи сите строги упатства и ги презема сите чекори за обезбедување потполна заштита на здравјето и безбедноста во услови на пандемијата со Ковид-19.

По отворањето на туристичката сезона, Министерството за Култура и Туризам на Република Турција почна да работи на вклучување на вработените во туристичкиот сектор во програмата за вакцинација со цел да се осигура дека туристичките услуги во земјата ќе бидат обезбедени во текот на целата година. Програмата за вакцинација ќе биде прецизно спроведена во координација со Министерството за Здравство и Министерството за Труд на Република Турција.

Во рамките на програмата, прво ќе бидат вакцинирани вработените во сместувачки капацитети, ресторани, туристички водичи, туристички агенции кои се регистрирани според „Програмата За Сертификација На Безбеден Туризам“.

Во соработка со Министерството за Култура и Туризам и Министерството за Здравство, платформата на која туристичките капацитети можат да ги пријавуваат своите вработени за вакцинација веќе е активирана.

Платформата ги опфаќа сите клучни актери на туристичкиот сектор, вклучувајќи ги вработените во сместувачките капацитети, рестораните, возилата за трансфер и туристичките водичи. Официјалните претставници на туристичките актери ќе можат да ги пријавуваат своите сегашни вработени.

Како дел од континуираните напори во борбата против ковид-19 претставува и понатамошно зајакнување на позицијата на Турција како една од најбезбедните дестинации во светот, затоа Турција продолжува да инвестира во „Програмата За Сертификација“.

Земјата го прошири опсегот на практиката и сертификатот го направи задолжителен за сместувачки капацитети со 30 или повеќе соби. Досега беа сертифицирани повеќе од 8.000 објекти. Во Турција секогаш прироритени се вработените во туристичкиот сектор и затоа прво ќе бидат вакцинирани.

Турција ги презема сите мерки за да се осигура дека ќе остане здрава и безбедна туристичка дестинација во 2021 година и ќе биде еден од врвните избори како безбедна опција за патување за туристите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.