Едногодишно девојче загина, откако дедото кој ја држел и бил наведнат од прозорецот на 11 кат на крузер, ja испуштил.

Девојченцето паднало од 11. кат на крузерот, каде биле на летен одмор со нејзината баба, дедо, мајката и таткото. Бродот бил закотвен во Порто Рико, а дедото го држел бебето на прозорецот на кабината од 11. кат.

Наеднаш, го испуштил и девојченцето паднало на асфалтот на пристаништето од височина од околу 50 метри.

Дедото си играл со девојченцето и ја подигнал кон отворениот прозорец, но несакајќи му се лизнало. “ , велат од полицијата во градот Сан Хуан.

Дедото е идентификуван како Салваторе Анело. Од компанијата Ројал Карибијан соопштија за трагичниот настан и дека им помагаат колку што можат на членовите на семејството. Истрагата е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.